Аморим: Мене никој нема да ми даде време како што доби Артета во Арсенал

Манчестер Јунајтед ќе го пречека Арсенал во неделното премиерлигашко дерби, а Рубен Аморим го искористи дуелот со Микел Артета за да го потенцира трпението што управата на „топчиите“ го покажа кон шпанскиот стратег.

Артета го освои ФА Купот на Англија во првата година во Арсенал (2020), што остана единствен трофеј до ден денеска. Три години му беа потребни на Шпанецот за да го внесе тимот во Лигата на Шампионите, а раководството на „топчиите“ се уште му укажува максимална доверба.

„Мене никој нема да ми даде време како што доби Артета во Арсенал. Свесен сум за тоа, Арсенал е сосема поинаков клуб од Јунајтед. Тие веруваат во тренерот, а начинот на кој Артета се соочи со предизвиците од првиот ден на своето доаѓање во клубот е инспирација за многумина“, истакна Аморим.

Португалецот дефинитивно го чувствува притисокот откако дојдево клубот како спасител на местото на Тен Хаг, но само уште повеќе ја продлабочи резултатската криза, па Јунајтед под негово водство падна на 14. место на табелата.

Се вчитува...