Аморим: Мора да продолжиме да работиме

Очигледно е дека Ерик тен Хаг не беше главниот проблем во Манчестер јунајтед, откако тимот од „Олд трафорд“ игра катастрофално и под водство на Рубен Аморим. Денеска „црвените ѓаволи“ доживеаја нов срам откако на домашен терен беа поразени од Бормут со убедливи 0-3.

Aморим по мечот, иако видно разочаран вели дека мора да продолжат да работат.

„Ако ја погледнете играта, ќе видите дека тие немаа шанса да го постигнат првиот гол. Имавме свои шанси, но потоа се случи тој гол кој го промени текот на натпреварот. Сакавме да постигнеме гол, но бевме премногу нервозни и мораме подобро да се носиме во вакви ситуации. Дури и по пеналот, моравме подобро да ја контролираме играта и мора да продолжиме да работиме напорно, бидејќи само така, но може да се бориме и да се обидеме играме до крај“, изјави Аморим.

Се вчитува...