Ливерпул ќе го оствари планот да го договори ангажманот на нов тренер два месеци пред крајот на актуелната сезона откако „црвените“ ги договорија условите за соработка со Рубен Аморим. Младиот Португалец бележи извонредни резултати како тренер на Спортинг Лисабон во последните неколку сезони, откако Чаби Алонсо објави дека останува во Баер Леверкузен целото внимание на Ливерпул беше насочено токму кон Аморим, со кого е веќе постигнат целосен договор.
Во изминатите 48 часа се водеа интензивни преговори меѓу англискиот клуб и агентот на Аморим, при што се договорени речиси сите детали. На овој стратег му е понуден тригодишен договор за да го наследи Јирген Клоп на клупата на „црвените“, Аморим ја прифатил понудата и останува само уште да се договорат одредени ситници за да биде постигнат целосен договор.
Воедно, Португалецот ги известил челниците на Спортинг Лисабон за својата желба да се пресели на „Енфилд“ по завршувањето на сезонава. Тој има клаузула од 20 милиони евра ако сака да замине во друг португалски клуб, за клубови надвор од Португалија сумата е речиси двојно пониска, па Ливерпул ќе плати околу 10 милиони евра по завршувањето од сезонава, за Аморим од 1 јули да почне со работа во англискиот гигант.
Следен приоритет за управата на „црвените“ се нови договори за играчите кои имаат само уште една година од актуелната соработа, и тоа Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Тренд Александар Арнолд. Британските медиуми најавуваат дека Трент и Ван Дајк би требало да останат на „Енфилд“ и да потпишат нови договори, додека Салах летово најверојатно ќе биде продаден со оглед на сериозниот интерес од Саудиска Арабија за „фаронот“ од Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА