Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим брзо му одговори на Маркус Рашфорд по неговото интервју за англиските медиуми во кое посочи дека е „подготвен за нови предизвици“, индиректно најавувајќи го заминувањето од клубот.
Сето тоа доаѓа и откако Рашфорд беше изоставен од составот за дербито против Манчестер сити. Аморим, вели дека ќе се врати во тимот ако тренира како што треба.
„Ако тој, како и Гарначо, тренираат добро, тогаш ќе имаме поголем избор. Очекувам најдоброто од секој мој играч, но секој ден“ – истакна Аморим.
А, околу изјавата на Рашфорд дека е подготвен за нови предизвици…
„Во право е. Ние тука постојано имаме предизвици, најтешки во фудбалот. И сега се наоѓаме во тешка ситуација и се надевам дека тој, како и сите други играчи, ќе бидат подготвени. На Јунајтед му се потребни талентирани играчи, а талентот на Рашфорд е огромен, затоа и очекуваме да игра на највисоко можно ниво. Тоа е мојот единствен фокус. Тука сум за да бидам во функција на Маркус, затоа што кога тој е подобар, Јунајтед е подобар. Пробав различни нешта за да го поттикнам Рашфорд да се врати на највисокото ниво кое го покажуваше во минатото” – вели Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА