Аморим: „Најголема победа откако го водам Манчестер Јунајтед!“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, конечно се радуваше на голема, многу важна победа откако е на клупата на славниот тим. Неговиот тим го победи Ливерпул во најголемото дерби на англискиот фудбал со 2-1 на „Енфилд“.

Немаше многу такви успеси досега за време на неговиот мандат… Па Португалецот не ја криеше огромната радост по крајот на мечот.

„Мислам дека ова е најголемата победа во мојата кариера на клупата на Манчестер. Денес значи многу, но нема да значи ништо утре. Тоа се само три бода и една убава победа“, рече Аморим по победата, и дополни:

„Се боревме за секоја топка, ја изгубивме самоконтролата во второто полувреме, но духот беше тука и тоа е најважното нешто. Ако имате дух, можете да победите во секој натпревар. Беше добар ден за нас и сега ме интересира само Брајтон. Ќе уживам, но да се фокусираме на Брајтон“.

Португалецот и ги апострофираше и добрите страни од играта на неговиот тим.

„Знаевме колку е важно момците со повеќе искуство да бидат добри и самоуверени на почетокот. Секогаш ако добро блокираме и се браниме на почетокот, можеме да ја почувствуваме трансформацијата на одбраната. Тоа е чувството што го имаме кога играме пред нашите навивачи и сите големи тимови го чувствуваат тоа. Ова беше добра победа. Ќе ни даде поголема самодоверба во текот на неделата и задоволство за нашите навивачи, тие го заслужуваат тоа. Но, ова е минато, сега е време да се концентрираме на тоа што следно не чека“.

Аморим е исто така среќен поради фактот што за прв пат откако го презеде Јунајтед, неговиот тим дојде до две едноподруго победи.

Се вчитува...