Аморим: Не можам да кажам дека ќе останам во Спортинг

Јирген Клоп на крајот на сезоната заминува од Ливерпул, а останува отворено прашањето кој ќе биде неговиот наследник. Се споменуваше можното враќање на Чаби Алонсо на „Енфилд“, но шпанскиот стратег ја отфрли можноста продолжувајќи ја вербата кон Баер Леверкузен со што погледите се насочија кон Рубен Аморим.

Стратегот на Спортлинг е желба на раководството на Ливерпул, а се чини дека пресебла во Англија е желба и на Португалецот кој на пресконференција пред португалското дерби против Бенфика имаше интересна изјава која наиде на големо задоволство кај навивачите на „црвените“.

„Јас не можам да гарантирам дека ќе останам во Спортинг и следната сезона. Не можам тоа да го кажам на начинот на кој го кажа Чаби Алонсо. Така да разговорите за мојата иднина ќе ги водиме кога ќе биде време за тоа. Сега сакам да се фокусирам на освојување на титула па ќе видиме што ќе биде“, изјави Аморим.

Се вчитува...