Рубен Аморим претрпе уште еден премиерлигашки пораз со Манчестер Јунајтед, осми на домашен терен сезонава за „црвените ѓаволи“ со што е урнат неславниот рекорд од пред 53 години од елитното англиско фудбалско друштво.
Португалскиот стратег веќе стави до знаење дека акцентот до крајот на сезонава ќе го стави на Лигата на Европа како единствена шанса да се стиген до билет за ЛШ, но Аморим не крие дека е разочаран од денешниот пораз од Вулверхемптон.
„Примивме гол буквално од единствениот удар што го упатија кон нашиот гол. Бевме подобри од противникот, имавме посед и шанси, но добро познато е дека во фудбалот… ако не знаеш да дадеш гол никако не можеп да победиш. Тие дадоа еден гол и на крајот славеа… знам дека е разочарувачки, ќе биде вака до крајот на сезонава, верувам дека од почетокот на следната сезона ќе бидеме многу подобри“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА