Аморим носи стопер во Јунајтед кој веќе еднаш го ангажираше

Манчестер Јунајтед се фокусираше на засилувања во нападот во летниот преоден рок, но во јануари ќе треба да доведат централен бек кој ќе се вклопи во плановите на тренерот Рубен Аморим. Португалскиот стратег претпочита да игра со тројца во одбраната, а од дефанзивците што му се на располагање, само тројца се по негов вкус, Матијс Де Лихт, Лени Јоро и Лисандро Мартинез, кој моментално е повреден.

Хари Мегваер, Нусер Мазрауи и Лук Шо тренерот Аморим ги користи само како „пополнувачи“. Затоа раководството на „Црвените ѓаволи“ ќе се обиде да го комплетира трансферот на белгискиот интернационалец одбранбен играч Зена Дебаста (21), кој играше одлично за Спортинг минатата сезона. 

Токму Аморим, кога беше тренер на Спортинг, инсистираше на доаѓањето на белгискиот дефанзивец, а сега би сакал да го види на „Олд Трафорд“. Договорот на Дебасто со Спортинг е со важност до јуни 2029 година, а клаузулата за ослободување е астрономски 80 милиони евра.

Се вчитува...