Аморим: Очекувам да ја промениме играта, барам поголем посед на топката

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се надева дека неговиот тим ќе оствари победа на гостувањето кај Евертон во 13. коло во Премиерлигата.

Тој очекува различен натпревар од претходните, и се надева дека екипата ќе ја промени играта, и ќе применува она кое го бара.

„Се надевам дека ќе победиме. Мечот ќе биде сосема различен од претходните два. Ќе има многу борба, додавања, скокови. Евертон има вешт менаџер кој ја разбира Премиер лигта и ситауцијата во која се наоѓа противникот. Ќе барам поголем посед на топката. Се надевам дека ќе видам промена во перформансите на мојот тим, и ќе одиграме подобро од мечот со Ипсвич. Очекувам да видам нешто поразлично“, рече Аморим.

Се вчитува...