Додека Рубен Аморим е тренер на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд нема да игра за клубот од Олд Трафорд.
Ова е конечната одлука на тренер кој не е заинтересиран да го има овој играч во своите редови, иако се работи за момче кое речиси целата своја кариера ја помина како играч на Манчестер Јунајтед.
Во девет натпревари за Астон Вила, Рашфорд успеа да забележи четири асистенции, играјќи забележителна улога покрај Марко Асенсио, но и покрај тоа Аморим не го сака следната сезона.
Овој напаѓач следната сезона би можел да игра за Астон Вила, а зделката би можела да биде вредна околу 60 милиони фунти. Со тие пари, Јунајтед планира да инвестира во нов голгетер, а се споменува и продажба од еден од напаѓачите Хојлунд или Зиркзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА