Аморим: Одлуките на раководството на Јунајтед не се популарни, но водат кон успех

Тренерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим смета дека потезите на новите сопственици на клубот од „Олд трафорд“ очигледно водат кон успех и покрај сомнителните реакции на јавноста.

Инеос, предводен од Сер Џим Ретклиф, стана дел од сопствеништвото на Јунајтед претходната година и оттогаш прави „кратење“ за да ги спречи финансиските трошоци на клубот. Една од најновите одлуки особено привлече внимание, укинувањето на дневниот целосен оброк за вработените, кои сега наместо ручек ќе добиваат само овошје бесплатно.

Ваквиот потег на „ѓаволите“ ќе им заштеди милион фунти годишно, додека во претходниот период се трошеа многу повеќе пари за трансфери. Дополнително, над 200 сега веќе поранешни вработени се отпуштени бидејќи Инеос смета дека ваквото управување со финансиите на клубот ќе го врати Јунајтед на самиот врв.

„Гледам јасен пат до успехот, поплочен со одлуките што ги носат сопствениците. Спроведуваат големи промени кои не се добро примени. Сепак, тие постојат затоа што има визија, тоа на сите им е јасно. Нивните одлуки не се популарни, али водат кон успех“, рече Аморим.

Се вчитува...