Аморим останува во Манчестер Јунајтед дури и да не ја освои Лигата на Европа

Иднината на Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед е извесна. Тој ќе го води тимот и во следната сезона, па дури и екипата да не успее да го освои трофејот во Лигата на Европа, и не го добие финалето против Тотенхем.

Обложувалниците во Англија веќе извадија коефициенти за заменик на Аморим, алудирајќи на тоа дека Португалецот нема да го спаси тоа што ќе игра во финалето на европско натпреварување, па така за најсериозен кандидат го сметаа Масимилијано Алегри, кој е без клуб по напуштањето на Јувентус минатата година.

Тимот има катастрофална сезона во Премиерлигата, каде во моментов е на 16-тото место на табелата, што е поразително за сите фанови. Сепак, на Аморим ќе му биде дадена уште една шанса да се истакне, ќе го предводи тимот и во следната сезона, но ако не успее да направи успех, тогаш и тој ќе биде заменет со некој друг.

Се вчитува...