Манчестер Јунајтед ја пречекува репрезентативната пауза во позитивна атмосфера по тирумфот од 3-0 на гостувањето кај Лестер во последното коло во Премиерлигата.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим не го криеше задоволството од прикажаната игра и убедливата победа, а и најави уште подобар Манчестер Јунајтед по репрезентативната пауза.
„Одигравме добар натпревар. На моменти ни недостигаше енергија, но тимот го даде својот максимум. Некои играчи беа уморни, но мислам дека заслуживме да победиме. Ја контролиравме играта. Ова беше совршен крај на овие две недели. Паузата ќе ја искористиме да се одмориме. Тоа е добро. Чувството е поинакво. По паузата почнуваме одново“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА