„На Јунајтед му е потребна шок-терапија, на луѓето им здодеа да слушаат изговори…“

Рубен Аморим се повеќе го чувствува притисокот од јавноста откако новиот тренер загуби уште еден меч на домашен терен со Манчестер Јунајтед, овојпат од екипата на Њукасл со 0-2, примајќи два гола во катастрофалните први 30 минути од мечот што ги одигра неговиот тим.

„Јас не дојдов овде за да се правдам и да смислувам изговори, мислам дека на луѓето во клубот и на нашите навивачи веќе им здодеа да слушаат изговори. На Манчестер Јунајтед му е потребна шок-терапија, сите треба да го разберат ова што го говорам“, изјави Аморим.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 14. место на табелата и се погласни се коментарите дека тимот не само што нема да се бори за излез во Европа, туку до крајот на сезонава ќе го очекува битка за опстанок.

„Тоа е јасно, видете ја табелата…. мораме да се бориме. Ова е навистина тежок момент, еден од најтешките во историјата на Манчестер Јунајтед, но мораме да бидеме чесни, да го прифатиме како таков и заеднички да најдеме излез. Мораме да се бориме на секој натпревар, тоа е прво на списокот“, порача португалскиот стручњак на клупата на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...