Манчестер Јунајтед го доби натпреварот со Фулам на кој одново во тимот не се најде Маркус Рашфорд, но англискиот репрезентативец одново беше тема на разговор по крајот на средбата.
За него, по којзнае кој пат говореше Рубен Аморим, стратегот на „црвените ѓаволи“ кој овој пат остро ја критикуваше англиската фудбалска ѕвезда.
„Попрво во игра би го ставил тренерот на голманите Ватила, отколку играч кој не дава максимум секој ден. Кој не дава максимум на тренинг, во животот, во секој детал“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА