Аморим се „теши“: И Блекбурн и Лестер речиси испаднаа, па станаа шампиони

Тренерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим има доверба во овој тим, и покрај тоа што имаше катастрофална сезона во Премирелигата. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 16-то место на табелата, но може да играат во Лигата на шампионите ако го освојат трофејот во Лигата на Европа.

Сепак, Аморим изрази надеж на подобри времиња, потпирајќи се на историјата, во која и Блекбурн и Лестер биле пред испаѓање, а потоа станале прваци.

„Треба да ја завршиме оваа сезона, и секоја сезона има своја приказна. Блекбурн испадна од лигата, а потоа стана првак. Лестер исто, речиси испаднат, па стана шампион. Нотингем се бореше за опстанок, а сега се стреми да игра во Лигата на шампионите. Луѓето не сфаќаат како се менуваат работите во нашата база, во нашиот клуб, и колку работи се случуваат во исто време. Да ја завршиме сезоната па ќе видиме. Гледам добри работи и знам што правам. Можеби тоа не изгледа така, но верувајте дека знаеме што правиме. Беше тешка сезона, но да завршиме со тоа“, рече Аморим.

Се вчитува...