Резултатската криза во Манчестер Јунајтед уште повеќе се продлабочи со денешната елиминација на домашен терен од Фулам. Рубен Аморим воопшто не ги оправда очелкувањата, освен што влезе во конфликт со дел од фудбалерите не успеа да ја разбуди екипата, а Португалецотд дополнително разочарува со изјавите што ги дава по слабите изданија на својот тим.
Така, по денешниот пораз, Аморим уште еднаш повтори дека негова цел е да стигне до титулата во Премиер-лигатља со Јуанјтед, без оглед колку сето тоа изгледа далечно во моментов.
„Се обидов да ги опуштам играчите во пенал-рилетот, да останат со самодоверба, но за жал не беше доволно. Разочарувачки е што испаднавме, но јас претпочитам да гледам напред. Целта поставена пред мене од првиот ден овде е да ја освојам титулата во Премиер-лигата. Знам дека во моментов губиме, но јас не губам надеж дека ќе успеам тоа да го остварам, без оглед колку ќе ми треба“, изјави Аморим.
Проблемот е што во тоа што и челниците и навивачите го губат трпението со екс-тренерот на Спортинг Лисабон, па лесно може да се случи тој летово да добие „шут-карта“ од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

