Манчестер Јунајтед доживеа уште еден тежок пораз во Премиерлигата и тоа од големиот градски ривал Манчестер Сити кој во дербито на 4. коло славеше на „Етихад“ со убедливи 3-0.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим има грижа повеќе бидејќи може да остане без работа по новиот неуспешен старт на сезоната, но и покрај тоа нема намера да го промени стилот на игра упатувајќи и порака до навивачите да не губат надеж.
„Не губам верба дека можам да ја променам ситуацијата во клубот. Верувам во себе, верувам во начинот на игра и ќе играме така се додека не се премислам и одлучам дека треба да променам нешто.
Ова е порака до навивачите дека ќе дадам се од себе и секогаш ќе мислам што е најдобро за клубот. Останатото не е до мене. Додека јас сум тука ќе давам се од себе. Многу посакувам победи“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

