Манчестер Јунајтед одигра нерешено 1:1 во дебито на новиот тренер Рубен Аморим. Португалецот во својот прв меч остане непоразен, но не успеа ниту да победи, иако во финишот Ипсвич можеше да ги шокира „Црвените ѓаволи“.
Рашфорд уште во 2. минута од средбата го донесе Манчестер во предност. Се чинеше дека, конечно, Аморим ја најде формулата, но во 43. минута шок за гостите и за новиот тренер.
Хачинсон во 43. минута од средбата донесе израмнување.
Во вториот дел поопасен беше тимот на Ипсвич. Имаше и една шанса преку Делап, меѓутоа Онана успеа да одбрани. Во финишот една нафрлена топка за малку ќе завршеше во голот на Онана, меѓутоа голманот лесно одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА