Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе мора да го реорганизира тимот, а еден од играчите кои ги посакува е братот на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, Џоб.
Помладиот брат на Џуд Белингем, одличниот играч на Реал Мадрид, игра одлични партии во Чемпионшип за Сандерленд и им го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“.
За разлика од неговиот постар брат, Џоб игра нешто подефанзивно, но оваа сезона постигна четири гола и додаде три асистенции. Се уште постои интерес за Белингем, но во моментов Јунајтед е најконкретна опција.
Џоб кариерата ја започна во Бирмингем, а пред две и пол години премина во редовите на „Црните мачки“ за нешто помалку од два милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА