Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека евентуалното освојување на Лигата на Европа само ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, но дека тоа нема да биде доволно за успешна натпреварувачка година.
Јунајтед се среќава со Атлетик Билбао во полуфиналето на второто најсилно европско натпреварување, откако го елиминираше Лион во натпревар за паметење.
Сепак, Аморим е свесен дека освојувањето на Лига Европа само ќе ги маскира проблемите на Јунајтед.
„Сите знаат дека за нас би било голема работа доколку го освоиме трофејот. Тоа би ни обезбедило играње во Лигата на шампионите следната сезона и би можело да промени многу работи, но засега тоа не е најважно. Ќе има повеќе пари за трошење, но пред се треба да решиме некои други проблеми“, изјави Аморим.
Тој напомена и кои работи би требало да ги променат доколку сакаат да го подигнат клубот на повисоко ниво.
„Мораме да ги промениме ставовите на нашите навивачи со добри одлуки, подобро регрутирање и работа во академијата. Исто така, треба да бидеме поконстантни. Лигата на Европа засега е само кратенка до Лигата на шампионите, за која прво мора добро да се подготвиме“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

