Ерата на Рубен Аморим во Спортинг заврши. Сега португалскиот стратег е на пат за Англија каде ќе го предводи Манчестер Јунајтед кој веќе започна со рехабилитацијата од водството на Ерик тен Хаг со легендата на клубот, Руд ван Нистелрој.
Холанѓанецот се врати на „Олд Трафрод“ на стартот на сезоната како помошник во стабот на сонародникот, а по отказот на Тен Хаг со успех ги предводеше „црвените ѓаволи“ забележувајќи три победи и едно реми.
Фановите и фудбалерите на тимот сакаат Ван Нистелрој да остане дел од стручниот штаб, а се чини дека тоа го сака и Аморим по последната изјава на оваа тема.
„Руд ван Нистелрој е легенда на Манчестер Јунајтед. Одлично си ја заврши задачата. Дали ќе остане? Ќе разговараме во следните часа и потоа ќе се знае се. Ќе видиме“, изјави Аморим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА