Рубен Аморим официјално ја започна својата работа во Манчестер Јунајтед, а веќе најде нов напаѓач кој ќе треба да ја поправи најлошата позиција изминатите години во редовите на „црвените ѓаволи“.
Манчестер јунајтед е подготвен да одвои 67 милиони евра и Џошуа Зиркзе, кој не покажа ништо по доаѓањето на „Театарот на соништата“ за услугите на Виктор Осимен. Осимен беше баран играч и во претходниот преоден рок. По неуспешниот трансфер во Челси, Осимен неочекувано се пресели во Галатасарај.
Турскиот клуб изрази желба да го задржи Осимен и по завршувањето на позајмицата, иако тоа е тешко остварливо. Нигериецот истакна дека е задоволен во Истанбул, но сигурно ќе бара поатрактивна дестинација и лига во која ќе сака да ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА