Манчестер Јунајтед планира во зимскиот преоден рок да го доведе одличниот 26-годишен шведски напаѓач Виктор Ѓокереш, а тој трансфер би требало да вреди околу 96 милиони евра, пишуваат британските медиуми.
Новиот тренер на Јунајтед, Рубен Аморим му порача на раководството на клубот дека мора веднаш да го доведат Ѓокереш доколку сакаат да се извлечат од моменталната непријатна ситуација во табелата во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ се на 14. место и имаат 23 бода помалку од лидерот Ливерпул.
Ѓокереш изминатите 18 месеци се истакна во дресот на португалскиот Спортинг. Оваа сезона тој веќе постигна 18 гола и две асистенции во португалскиот шампионат и пет гола во Лигата на шампионите. Голема заслуга за неговиот брилијантен развој има тренерот Аморим, со кого би можел повторно да се обедини.
И додека Ѓокереш треба да пристигне на „Олд Трафорд“, Џошуа Зиркзе и Маркус Рашфорд се на излезна врата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА