Аморим: Во Манчестер Јунајтед за два месеца остарев 10 години

Португалскиот стратег Рубен Аморим во превзема Манчестер Јунајтед од Ерик тен Хаг во ноември 2024 година. Воведните месеци во тимот воопшто не се добри, неговиот клуб бележи лоши резултати, а постои и незадоволство кај најголемите ѕвезди како Маркус Рашфорд кој е непожелен за новиот тренер.

Аморим не успеа да ја преслика успешноста која ја доживеа со Спортинг. На 17 одиграни натпревари забележа седум порази, а и самиот призна дека поминува низ стресен период во животот. Португалецот кој прославува роденден се шегуваше дека за два месеци се чувствува како да остарел 10 години.

„Не полнам 40, полнам 50. По два месеци во Манчестер Јунајтед полнам 50!“, изјави низ шега морим па продолжи. „Чест е да го прославувам роденденот тука. Имате неверојатна држава. Ќе уживам уште повеќе поради победата“.

Се вчитува...