Аморим живее во паралелен универзум: Секој играч сонува да игра за Манчестер јунајтед

Манчестер Јунајтед урна бројни катастрофални рекорди со најслаби резултати во последните 50 години од клупската историја, меѓу другото и поради Рубен Аморим и фактот дека португалскиот стратег не само што не најде излез од кризата откако го наследи Ерик тен Хаг, туку и истата дополнително ја продлабочи.

Згора на тоа, изјавите што ги дава португалскиот стручњак се повеќе немаат никаков допир со реалноста, како што беше тоа последниот случај – кога тој се пофали дека лтево ќе може да ги доведе посакуваните засилувања бидејќи сите фудбалери во светот сонуваат да играат за Јунајтед.

„Ова е Манчестер Јунајтед, секако дека ќе немаме проблеми на пазарот. Сите знаеме колкав клуб е ова, секој играч сонува да игра за Манчестер Јунајтед. Точно е, имаме проблеми со резултатите, но нашата визија за иднината е едноставна. Најлесен дел ќе биде да ги убедиме фудбалерите да ни се приклучат“, изјави Аморим.

Португалецот како да се лаже самиот себе, откако клубот воопшто не преговара со неговата главна желба Виктор Гијокереш, па наместо тоа вниманието е насочено кон Делап од Ипсвич.

Се вчитува...