Амрабат го избра Ливерпул, но се прашува и Фиорентина

Софијан Амрабат би можел да биде првото засилување на Ливерпул во 2023 година по позитивните разговори што неговиот агент ги имал со челниците на „црвените“ и со менаџерот Јирген Клоп. Англискиот и европскиот вицепрвак e решен да доведе ново засилување за средниот ред, а изборот е паднат токму врз играчот кој блескаше во дресот на Мароко на штотуку завршениот шампионат.

Клоп се интересираше за Амрабат уште пред почетокот на ова СП, но одличните игри на Мароканецот го натераа стратегот на Ливерпул да ги интензивира обидите за да го доведе овој играч веќе во јануари. Интерес за Амрабат покажаа и Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Тотенхем, но извори блиски до Мароканецот тврдат дека тој веќе го избрал Ливерпул за следна дестинација во кариерата.

Фудбалерот на Фиорентина сега ќе замине на десетдневен одмор, но се очекува во овој период лично да се сретне со Клоп и со управата на Ливерпул, за да ги прифати понудените услови. Тоа сепак не значи и комплетирање на трансферот бидејќи „црвените“ ќе мораат да се договорат со италијанскиот клуб околу висината на отштетата. „Виолетовите“ ќе инсистираат на 40 милиони евра за продажба на одличниот играч за врска, користејќи го интересот на останатите клубови како дополнителен притисок врз Ливерпул за оваа желба на Фиорентина да биде исполнета.

Се вчитува...