Амрабат само што потпиша со Јунајтед се повреди

Манчестер јунајтед потврди дека на подготовките на репрезентацијата се повредил фудбалерот на овој клуб Софијан Амбрабат и дека поради ова ќе се врати во Манчестер.

Софиан Амрабат одговори на поканата на мароканската репрезентација, но се повреди на тренинг и ќе мора да ги пропушти дуелите на својата репрезентација во септември. Наместо Амрабат, повик за репрезентацијата доби Јахуа Јабран.

Ниту Манчестер, ниту Фудбалската федерација Мароко, не потврдија за каква повреда се работи. При лекарските прегледи пред трансферот во Јунајтед, забележано е дека Амрабат има мал проблем со повреда на грбот.

Се вчитува...