Агенцијата за млади и спорт, бројни спортски федерации и клубови од Македонија со неверување ја дочекаа веста за трагичната смрт на македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур. Последно збогум до Георгиевски искажаа и неговите пријатели од Фудбалската федерација на Македонија, како и КК Работнички, КК МЗТ Скопје…
„Благоја беше пример на спортист од кои голем број спортски имиња учеа од него. Легендите никогаш не умираат. Секогаш ќе бидеш во нашите мисли, во нашите срца и во нашите спомени. Беше носител на највисокото спортско признание кое го доделува Агенцијата за млади и спорт – Национално спортско признание. Последен поздрав од твојата Агенција за млади и спорт“ – е последната порака од АМС.
Буштур беше постојан гостин и во Фудбалската федерација на Македонија, будно следејќи ги и сите случувања во македонскиот фудбал.
„Невозможно е во еден текст да го опишеме неговиот придонес за македонскиот спорт. Беше визионер и градител. Легенда. Ни остануваат спомените, приказните, сеќавањата и сведоштвата за Буштур како кошаркар и како човек. Вечна слава. Почивај во мир, легендо“ – се вели во соопштението од ФФМ.
Со неизмерна тага од Георгиевски се збогуваа и КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром…
„Не напушти најголемиот … Не напушти единствениот македонски репрезентативец поранешна Југославија. Не напушти најголемиот играч на Работнички. Поголемиот дел од својата кариера ја посвети на Работнички. За Буштур Работнички беше прва и единствена љубов. Почивај во мир , легендо секогаш ќе се сеќаваме на тебе … Искрено, сите фанови и симпатизери на Раборнички“ – се вели во последната порака од КК Работнички.

„Македонската кошарка трагично остана без легендарниот Благоја Георгиевски. Најискрено сочувство до неговото семејство, пријатели и сите почитувачи на кошаркарскиот и животен опус на Буштур. Почивај во мир!“ – се збогуваат и од КК МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

„Благоја беше пример на спортист од кои голем број спортски имиња учеа од него. Легендите никогаш не умираат. Секогаш ќе бидеш во нашите мисли, во нашите срца и во нашите спомени. Беше носител на највисокото спортско признание кое го доделува Агенцијата за млади и спорт – Национално спортско признание. Последен поздрав од твојата Агенција за млади и спорт“