Ракометната федерација на Македонија доби ваучер во противвредност од околу 250.000 евра, за кошаркарите е доделен ваучер од околу 200.000 евра, а Одбојкарската федерација која има за организирање настап на ЕП во септември, ќе може преку новата мерка на АМС да искористи околу 180.000 евра, за изнаоѓање финансиски средства кои ќе имаат даночно ослободување преку законот за добивка.
Агенцијата за млади и спорт денеска ги додели ваучерите за Националните спортски федерации, мерка која беше одамна најавена, а е во насока на подобрување на работата на спортските федерации, преку изнаоѓање партнери за соработка кои ќе ги искористат поволностите од законот за ослободување од законот за добивка. Доделувањето на ваучерите на федерациите го извршија директорот на АМС, Дарко Каевски, советникот за спорт при Владата, Даниел Димевски, како и раководителот на секторот спорт при АМС, Томислав Андоновски, во просториите на Агенцијата за млади и спорт.
„Ова е всушност повик до сите компании да помогнат во реализација на средствата од спортските ваучери. Благодарност до премиерот на државата, УЈП, Министерството за финансии, советниците за спорт во владата на РСМ, како и до сите членови на посебната комисија при АМС“, изјави Каевски.
Тој додаде дека е планиран и караван на мотивирање на приватните сопственици, да вложуваат средства во спортот.
Советникот за спорт во владата на РСМ, Даниел Димевски додаде неколку информации во делот на искористување на средствата, кои ќе има можност да се користат веднаш, а потенцираше дека се отворени за соработка со сите спортски институции во делот на изнаоѓање партнери за соработка, во колку имаат проблем во тој дел.
Мерката за поттикнување во спортот од сегашните 6 милиони евра, има тенденција да прерасне во 10 милиони евра, додавајќи дека ова е пилот проект, а вети и посебни мерки насочени кон врвните спортските клубови кои имаат настапи на меѓународен план.
Со внимателно обработени податоци, направена е детална анализа и одредена е висината на вредноста на ваучерот.
Така на пример, РФМ доби ваучер од 15.291.540, Кошаркарска доби ваучер од 12.511.000, а Одбојкарска федерација 10.426.000.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА