АМС го награди Бесил Алили со еден милион денари

Агенцијата за млади и спорт му додели еден милион денари на младиот македонски борач Бесир Алили, кој освои златен медал на Европското првенство за кадети, во категоријата до 48 килограми. Одлуката ја соопшти директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на денешниот прием организиран во чест на успехот на Алили.

„Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да тренира напорно, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава“ – вели Каевски. 

Се вчитува...