Во спортот ќе бидат инјектирани нови 6 милиони евра, како поддршка за клубовите и за федерациите. Претставниците на владата и на Агенцијата за млади и спорт објаснија како ќе функционира новиот ваучер-систем за финансирање во спортот кој стартува од 2019 година.
Со претставници од националните спортски федерации разговараа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски со стручен тим при АМС, посебните советници за спорт од Владата на РМ, Даниел Димевски и Ѓорѓи Тасев, кои ги истакнаа критериумите за користење на ваучерите во спортот, како дополнителен извор за финансирање. Целиот процес се води низ транспарентен и инклузивен пристап.
„Со овој систем воведуваме нови 6 милиони евра со што значително го подигнуваме нивото за развој на квалитет и ја зголемуваме финансиската моќ на спортските клубови. Клубовите и федерациите ќе може преку ваучер систем да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на програмите“, истакнаа од Агенцијата за млади и спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА