Агенцијата за млади и спорт поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски и актуелниот Мухамед Сејдини кој во мандатот на Ѓорѓиоски беше потпретседател на „Куќата на фудбалот“. АМС поднесе кривична и против неколку членови на Управниот одбор на ФФМ, како и на претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини.
„Во периодот од 29.07.2012 година, Ѓорѓиоски, тогашен претседател на ФФМ, избран е на вонредно генерално собрание на кое е одржан и усвоен Предлог статут подготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ на незаконит начин. Тој при спроведување на истиот во Централен регистар наместо да го спроведе законски донесениот статут на Собранието на ФФМ врши незаконито променување на содржината на Статутот додавајќи го членот 37 со следниот текст:
„Комисијата за верификација на регистрација на фудбалери и клубови во ФФМ – Редакциски одбор на Макфудбал ги верификува регистрирањата на клубовите и фудбалерите, фудбалерите во мал фудбал и фудбал за жени и ги објавува сите одлуки на органите на ФФМ. Таа комисија се состои претседавач, заменик претседавач и три члена кои во промената на членот 37 се менуваат еден број и се зголемуваат за плус еден член““, стои во пријавата поднесена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Според кривичната тие се пријавени за „Злосторничко здружување“,„Злоупотреба на службена должност и овластување“ и „Фалсификување на истрага“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА