АМС во борба со допингот: Собир на претставниците на регионалната Антидопинг – агенција

Агенцијата за млади и спорт во периодот од 5. до 8. септември e домаќин на состанокот на бордот на директори на Регионалната анти-допинг организација на Источна Европа во која членуваат земјите од овој регион, а е конститутивен дел на Светската анти-допинг организација – ВАДА. Како потписник на Меѓународната конвенцијата за борба против допингот во спортот, Република Македонија е дел од унилатералната борба против употребата на забранети супстанци и забранети методи од страна на спортистите.

 

Во таа насока, состанокот беше корисен како од аспект на можноста за промоција и афирмација на нашата земја пред претставниците на земјите членки на оваа Регионална анти-допинг организација, така и во насока на размена на искуства помеѓу повиканите страни со цел да се зајакне функционалноста и ефикасноста на делувањето на националните анти-допинг организации од односните земји.

Во периодот кој следи, Агенцијата за млади и спорт ќе пристапи кон активности кои ќе и овозможат на македонската национална анти-допинг организација да ја зајакне својата ефикасност и функционалност преку подобрувања во сферата на човечките ресурси, зголемување на буџетот на истата, како и преку пристап кон усогласување на македонската регулатива за прашања кои претставуваат пречка на кој било начин во борбата против допингот во спортот, што, впрочем, претставува и обврска која произлегува од односната Конвенција.

Се вчитува...