Тоби Амусан се закити со златен медел на 100 метри со пречки на Светското првенство во Јуџин, Орегон, што заврши утринава.
Нигеријката во полуфиналето во оваа дисциплина испиша нова страница во историјата откако успеа да постави светски рекорд со време од 12,12 секунди.
Два часа подоцна во големото финале таа истрча со 12,06 и се чинеше дека постави ново најдобро време, но рекордот не важеше поради ветерот, кој изнесуваше 2,5 метри во секунда. Среброто го освои Британи Андерсон од Јамајка, а со бронзата се закити Јасмин Камачо-Квин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА