Поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ утрово се породила и на свет донела здраво машко дете, откриваат американските медиуми. Таа со својот сопруг, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, живее во Чикаго, каде и се породи во елитна клиника.
Швајнштајгер настапува за Чикаго во МЛС – лигата, па среќната двојка веќе подолг период живее во САД. Тие се во брак од 2016 година, се венчаа во Венеција, а новороденото синче ќе се вика Лука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА