Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ е бремена и треба да се породи во февруари. Иако атрактивната тенисерка и нејзиниот сопруг, германскоиот фудбалер, Бастијан Швајнштајгер засега се уште официјално не обзнаниле дека очекуваат принова, светските медиуми го открија и полот на детето и објавија дека славната двојка очекува син.
Во јавноста малку е познато дека Ивановиќ заради спонзорските договори, не смеела да забремени. Ана и Бастијан се венчаа во јули 2016 година во Венеција, но атрактивната тенисерка пред мајчинството морала да ги испочитува спонзорите! Или да плати казна…
Во милионските договори што ги има потпишано Ана Ивановиќ со неколку познати брендови, има ставка според која Србинката била обврзана да игра до 30.година и дека само повреда можже да ја оддалечи од теренот, во спротовно ќе треба да им плаќа пенали на спонзорите и до седум милиони евра! Но, со оглед на тоа дека Ивановиќ на 7 ноември полни 30 години, сега може опуштено да го планира својот семеен живот.
Пред да реши да и стави крај на тениската кариера, Ивановиќ годишно од спонзорите заработуваше околу пет милиони евра, а сега нејзината заработувачка е „само“ 1,5 милиони евра годишно. Но, со оглед на тоа дека Ивановиќ и Швајнштајгер во своите кариери имаат заработено десетици милиони, Ивановиќ сепак реши да ја прекине кариерата и со својот сопруг кој сега настапува за тимот на Чикаго, се пресели во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА