Ана Ивановиќ му се враќа на тенисот!

Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Ана Ивановиќ реши да се врати на тениските терени. Таа од 17. до 20. октомври ќе учествува на егзибициски турнир во Луксембург со уште десет легендарни тенисерки.

Наскоро ќе биде објавено форматот на мастерс турнирот во Луксембург. На турнирот покрај Ивановиќ ќе учествуваат Мартина Хингис, Флавија Пенета, Доминика Цибулкова, Андреа Петковиќ, Кристен Флипкенс, Магдалена Рибарикова и Лаура Робсон, а наскоро ќе биде објавен и распоредот на натпреварите.

Славната српска тенисерка последниот професионален меч на УС Опен го одигра против Дениз Алертова, кога беше поразена со 2-0 во 2016 година.

Во богатата кариера, Ана Ивановиќ освои 15 титули, од кои најголем успех беше освојувањето на Ролан Гарос во 2008 година, кога во финалето ја совлада Динара Сафина.

Таа играше и во финалето на Австралија опен и полуфиналето на Вимблдон, а извесен период беше и број еден во светот.

Се вчитува...