Ана Ивановиќ за првпат се огласи во јавноста по гласините дека се разведува од легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер.
Во првото интервју за време на својот престој во Мадрид, оигледен беше обидот на новинарите на суптилен начин да дојдат до информација за состојбите во нејзиното семејство и односот со Бастијан, но Ана постојано со луциден одговор.
„Среќна сум што сум овде. Задоволство е да се биде тука, блиску до дома. Неверојатно е, убаво е да се биде овде, да се работи, да се гледа добар тенис… Зафатена сум постојано со семејството, со децата“ – одговори српската тенисерка, која во бракот со Бастијан има три сина.
Не сакајќи многу да се осврнува на брачните состојби, потоа зборуваше за состојбите во женскиот тенис денес.
„Секогаш доаѓа момент кога се менуваат генерациите. Понекогаш има ‘дупка’, нешто слично се случува и во машкиот тенис по пензионирањето на Роџер и Рафа, иако ним им беше малку полесно. Сабаленка го подигна нивото на тенисот, Ига исто така, ја имаме и Коко Гоф. Нивото на тенисот сега е многу повисоко отколку пред неколку години. Новите генерации треба да создадат ривалства, за да се зголеми интересот.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА