Кошаркарите на Анадолу Ефес се нови шампиони на Европа откако во финалето на Ф4-турнирот во Келн славеа со 81-86 против Барселона.
Каталонскиот тим одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 22-15, но се понатаму беше во знакот на турскиот состав кој целосно доминираше на паркетот. Веќе на полувремето Анадолу Ефес дојде до пресврт со три поени предност (36-39).
Во второто полувреме низ израмнета игра сепак Анадолу Ефес беше тој кој го контролираше резултатот, и покрај обидите на Каталонците да се доближат. Но, неуспешно.
Најефикасен кај Анадолу Ефес беше Василије Мичиќ со 25 поени, дополнети и со пет асистенции, додека Шејн Ларкин заврши со 21 поен. Кори Хигинс беше најдобар кај Барселона со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА