Кошаркарите на Анадолу Ефес стигнаа до сензационална победа на домашен терен против актуелниот европски шампион Панатинаикос од убедливи 93-67 во меч од 15. коло од новата сезона во Евролигата.
Домаќините уште од самиот старт го презедоа водството, а како одминуваше мечот место големиот фаворит да ја намалува негативата таа само се зголемуваше, за на крајот да изнесува и убедливи 93-67.
Родриг Бубоа со шеснаесет поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Костас Слукас заврши со 15 поени.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА