Анадолу Ефес го „реши“ Фенербахче за финале во турското првенство

Кошаркарите на двократниот европски шампион Анадолу Ефес се пласираа во финалето на турскиот шампионат, откако во полуфиналната серија славеа над големиот ривал Фенербахче со 3-1 во победи.

Одлучувачката трета победа избраниците на Ергин Атаман ја остварија вечерва откако на домашен терен славеа со 87-78. Василије Мициќ со 16 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Скоти Вилбекин заврши со ист број постигнати поени.

Во финалната серија Анадолу Ефес го очекува подобриот од второто полуфинале во кое играат Турк Телеком и Пинар Каршијака, а тимот од Каршијака има предност од 2-1.

Се вчитува...