Анадолу Ефес има големи проблеми

Анадолу Ефес со скор од 11 победи и 12 порази стравува за своето место во разигрувањето во најелитниот европски кошаркарски шампионат, Евролигата. А, формата не е единствениот проблем за турскиот тим кој се соочува со нови повреди.

Шејн Ларкин кој пропушти добар дел од сезоната поради повреда на глужд повторно е повреден. Американецот со турско државјанство заработи повреда на лактот и со сигурност нема да биде дел од следниот натпревар во домашниот шампионат, а неизвесен е и за средбата со Олимпијакос.

Повреден е и центарот Винсант Поарие. Французинот се мачи со коленото па и самиот може да ја пропушти средбата со грчкиот тим.

Ефес во следниот период го очекува тежок распоред во Евролигата со натпревари против Олимпијакос, Реал Мадрид и Панатинаикос.

Се вчитува...