Кошаркарот на Басконија, Дариус Томпсон би можел да стане нов кошаркар на турскиот Анадолу Ефес. Како што пренесуваат медиумите во Европа, турскиот шампион го посочил 28-годишниот плејмејкер како замена за Василије Мициќ, кој замина во НБА и потпиша тригодишен договор со Оклахома, вреден 23,5 милиони долари.
По одличната сезона во клубот од Виторија, Томпсон моментално е едно од најбараните имиња на кошаркарскиот пазар.
Покрај Ефес, за него е заинтересирана и Олимпија Милано, а во игра е и грчкиот Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА