Анадолу Ефес ја стартуваше Евролигата со триумф над Макаби

Кошаркарите на Анадолу Ефес со 85-78 го совладаа тимот на Макаби и така имаа успешен старт на отворањето на новата сезона во Евролигата.

Турскиот тим кој играше како домаќин во Подгорица, на крајот славеше триумф, и покрај тоа што имаше доста проблеми во текот на мечот, особено во првото полувреме, кога на паузата Макаби замина со предност.

Сепак, во вториот дел Ефес направи пресврт и успеа да го добие натпреварот.

Лојд и Смитс со по 16 поени беа најефикасни кај домаќинот, а Оар и Соркин кај Макаби беа најдобри со по 15 поени.

За два дена Анадолу исто така во Подгорица ќе го дочека и вториот израелски тим – Хапоел Тел Авив.

Се вчитува...