Анадолу Ефес стигна до убедлива победа над Црвена Звезда од 86-72 во премиерниот натпревар од 22. коло во кошаркарската Евролига. Турскиот клуб уште во првата четвртина ги реши сите дилеми околу победникот, добивајќи ја со 29-13. До крајот на мечот се беше само рутина за нов триумф на избраниците на Атаман.
Шејн Ларкин со 23 поени беше прво име во таборот на победникот, додека Василије Мициќ уфрли 13. Кај Црвена Звезда се истакна Добриќ со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА