Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ доби двегодишен договор со Анадолу Ефес како главен тренер кој истекува летото 2026 година.
Мијатовиќ кој има 44 години е асистент во Ефес од 2010 година, а претходно беше асистент во Цибона и во хрватската репрезентација. По отказот на Ердем Чан во текот на оваа сезона тој доби можност да го води двократниот европски шампион.
Со Ефес и покрај незавидната ситуација успеа да се пласира во плеј-ин турнирот во Евролигата, но следеше пораз од Виртус. Во турскиот шампионат Ефес моментално е прв со скор 25-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА