Турски Анадолу Ефес стигна до убедлив триумф од 90-63 против Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналната серија во кошаркарската Евролига. „Кралевите“ одиграа добро прво полувреме во кое на пауза заминаа со негатива од само четири поени 44-40.
Клучниот момент се случи во третата четвртина во која домаќините на противникот му дозволија само десет поени и до крајот рутински го приведоа мечот за конечен триумд од 90-63. Бубоа со 19 поени беше најефикасен кај победникот, додека 16 уфрли Санли. Кај Реал Мадрид Томпкинс заврши со 13 поени.
Вториот натпревар од серијата е во четврток исто така во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА