Анадолу Ефес со „турбо-финиш“ до триумф против Жалгирис

Анадолу Ефес ја продолжува победничката низа во Евролигата дополнително зацврстувајќи се на врвот од табелата со триумфот и против Жалгирис од 96-91 во 24. коло.

Турскиот тим против Литванците, овој пат до победата дојде со пресврт откако имаше негатива од три поени на полувремето (40-43). Но во вториот дел со далеку поквалитетна игра сосема заслужено стигнаа до конелната победа од 96-91.

Предводници во победата на Анадолу Ефес беа Шејн Ларкин со 25 поени и Василије Мициќ со 22 поени. Кај Жалгирис, Риверс запиша 21 поен.

Се вчитува...