Кошаркарите на Црвена Звезда пропуштија голема шанса да стигнат до сензационална победа на гостувањето во Истанбул, кај актуелниот европски шампион Анадолу Ефес. Белграѓани имаа водство во поголемиот дел во натпреварот, но со поените на Василије Мициќ актуелниот шампион успеа да стигне до триумф од 84-83.
Домаќините стартуваа одлично и по првите десет минути имаа предност од 31-21. Белграѓани заиграа далеку подобро во одбраната во вториот период и на полувреме имаа предност од плус три 43-46.
Во вториот дел „црвено-белите“ имаа предност цело време се до последните една секунда кога Мициќ беше двапати прецизен од слободни фрлања со кои донесе победа за турскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА